Политика за директен маркетинг
ПОЛИТИКА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ НА ДПТУ
ПОЛИНИ ДООЕЛ СКОПЈЕ
ВОВЕД
Оваа политика објаснува како Друштвото за трговија Дпту
Полини ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: (ПОЛИНИ) може да ги користи вашите лични податоци за цели на
вршење директен маркетинг.
ШТО Е ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ?
Директен маркетинг е
рекламирање насочено кон конкретни физички лица, за разлика од рекламите на
билборди, во весниците, преку радио или телевизија, кои се наменети за
неодредена група на физички лица кои ќе ги видат, прочитаат или слушнат.
КАКО ВРШИМЕ ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
ПОЛИНИ врши
директен маркетинг исклучиво преку е-маил со достава на неделен Е-Билтен
кој содржи информации за понуда на производи и промоции, користејќи ја
платформата. ПОЛИНИ не врши директен маркетинг усно преку телефон, преку СМС
пораки или преку пошта.
ПОЛИНИ спроведува
политика на избор (opt-in), со која секој корисник што сака да добива рекламни
содржини од нас, неопходно е претходно да даде експлицитна согласност за вршење
директен маркетинг. ПОЛИНИ не се повикува на легитимен интерес како правна
основа за да го испраќа својот електронски билтен.
.
КАКО ДА ГИ ДОБИЕТЕ ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ
Секој што сака да ги
добие овие информации ќе треба да се „пријави“ (opt-in), со што ќе ни даде
експлицитна согласност за вршење директен маркетинг, односно испраќање Е-Билтен
на е-маил, преку кој нудиме нови производи и промоции.
Секој може да се пријави на еден од следниве начини:
1. Преку формата „Регистрирајте се“,
со пополнување на полето за регистрација, селектирање на квадратчињата
пред изјавите:
- „Се согласувам да го добивам
Вашиот билтен со информации за понудата на производи и промоции, на
e-mail„ и
- „Ги прочитав и ги прифаќам
Политиката за приватност и Политиката за директен маркетинг“,
и внесување на вашата е-маил адреса во селектираното поле за
добивање на Е-Билтен.
2. Преку формата „Е-Билтен,“ со внесување на вашата е-маил
адреса во селектираното поле за добивање на Е-Билтен, при што претходно
задолжително треба да ги слектирате квадратчињата пред изјавите:
- „Се согласувам да го добивам
Вашиот билтен со информации за понудата на производи и промоции, на
e-mail„ и
- „Ги прочитав и ги прифаќам
Политиката за приватност и Политиката за директен маркетинг“.
За електронскиот билтен во нашата база се запишува вашата е-маил
адреса, IP адресата и датумот на регистрација.
Следејќи ги одредбите на Законот за заштита на личните податоци,
ПОЛИНИ може во секое време да
докаже дека добил валидна согласност и води евиденција за тоа кој се согласил,
кога, како и за што.
2.
КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ ОВИЕ
ИНФОРМАЦИИ
Вашата согласност за
вршење на директен маркетинг, можете да ја повлечете во секое време или да
приговарате за обработка на вашите лични податоци за цели на директен
маркетинг. ПОЛИНИ нуди опција за „одјава“ (opt-out) во секое време преку линкот
за одјавување достапен во е-маил пораките што ги добивате од нас или преку
вашиот регистриран профил.
ПОЛИНИ води
евиденција на физички лица кои се одјавиле од услугата за директен маркетинг.
Со повлекување на вашата согласност ПОЛИНИ ќе ги избриши во целост вашите податоци
во рок од 1 работен ден од збирката на личните податоци за директен маркетинг.
Воедно, имате опција и да
го избришете вашиот профил со селектирање на опцијата . Вашиот профил ќе
биде блокиран веднаш кога ќе побарате бришење. Деталите за вашиот профил ќе
бидат целосно избришани* од нашата база на податоци што е можно поскоро, но не
подоцна од 30 работни дена откако ќе го добиеме вашето барање.
* Ве молиме запомнете: не
можеме да ги избришеме записите за вашите нарачките, бидејќи имаме законска
обврска да ги чуваме овие информации за проверка од надлежните институции за
период од 5 години.
КАКО ПОЛИНИ ПОСТАПУВА СО ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
ПОЛИНИ постапува со
личните податоци на транспарентен начин:
- Називот и деталите за друштвото се
вклучени кога се праќаат рекламни содржини (Е-билтен) преку е-маил; и
- На корисниците на веб страницата
им е дадена јасна и лесно разбирлива политика за приватност и се
информирани за нивните права како субјекти на лични податоци.
- ПОЛИНИ ја
гарантира безбедноста и точноста на збирката на личните податоци за
директен маркетинг:
- Личните податоци (е-маил адресата)
се користи само за цели на регистрација и директен маркетинг;
- Веродостојноста на збирката на
лични податоци за директен маркетинг се проценува преку земање и проверка
на случајни примероци;
- Се бришат сите ирелевантни или
преобемни лични податоци;
- Вработените кои се овластени да
обработуваат лични податоци за цели на директен маркетинг се обучени да ги
почитуваат и имплементираат барањата од Законот за заштита на личните
податоци.
РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИ
ПОЛИНИ не продава, не
разменува или споделува лични податоци и информации за своите клиенти со трети
лица за цели на директен маркетинг, освен со обработувачи кои обезбедуваат
услуги за ПОЛИНИ за цели на директен маркетинг. ПОЛИНИ има склучено договори со
своите обработувачи, во согласност со одредбите од Законот за заштита на
личните податоци и со оваа политика за директен маркетинг.
Повеќе информации можете да најдете во
Политиката за приватност на ПОЛИНИ.
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ПОЛИНИ
Покрај оваа политика за
директен маркетинг, ПОЛИНИ има донесено и објавено посебна Политика за
приватност во која се наведени детални информации за тоа како ја штитиме вашата
приватност и како ги чуваме безбедни вашите лични податоци.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
а) Право на потврда
Како субјект на лични
податоци (корисник на услугата за директен маркетинг) имате право да добиете
потврда од ПОЛИНИ дали ги обработуваме Вашите лични податоци.
б) Право на пристап
Во секое време, бесплатно
имате право да добиете информации од ПОЛИНИ за вашите лични податоци, како и
копија од овие податоци. Законот за заштита на личните податоци Ви гарантира
пристап до следниве информации:
- цел на обработката;
- категории на личните податоци;
- корисници или категории на
корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;
- ако е можно, време на чување на
личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за
одредување на времето на чување;
- постоење на право да се бара
исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработката на
лични податоци;
- постоење на право на поднесување
барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;
- кога личните податоци не се
собрани од Вас, сите достапни информации за изворот на лични податоци;
- постоење на автоматско донесување одлуки,
вклучително и профилирање, и во тие случаи, релевантни информации за
вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата
обработка за вас.
Покрај тоа, имате право
да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја,
како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.
Имате право да добиете
исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги
предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични
податоци.
г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)
Имате право да барате
бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да
постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
- сте ја повлекле согласноста на
која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;
- сте приговарале на обработката;
- обработката на личните податоци е
незаконита;
д) Право на ограничувања за обработка
Имате право да ја
ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од
следниве услови:
- ја оспорувате точноста на личните
податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;
- обработката е незаконита, но се
спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара
ограничување на нивната обработка;
- приговарате на обработката, во
очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над
Вашите интереси.
ѓ) Право на преносливост на податоци
Вашите лични податоци
чија обработка ја вршиме со автоматски средства, врз основа на ваша согласност,
имате право да ги добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив
формат или да барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор без мешање
од ПОЛИНИ кому му се дадени личните податоци, под услов ако е технички
изводливо.
е) Право на приговор
Имате право да поднесете
приговор до ПОЛИНИ, против обработката на Вашите лични податоци за цели на
директен маркетинг.
Во случај на приговор,
повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци за оваа цел.
з) Право на повлекување согласност за заштита на
податоците
Согласноста за обработка
на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.
Доколку сакате да остварите некое од Вашите права, може
да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Мери
Милошевска, на:
Контакт телефон: (+389) 78 242990
Е-маил адреса: ozlp@polini.com.mk
Офицерот за заштита на
личните податоци ќе постапи по барањето без одлагање.
ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА
ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Доколку сметате дека
личните податоци не ги обработуваме согласно Законот за заштита на личните
податоци можете да се обратите до:
Агенција
за заштита на личните податоци
бул.
„Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
ПОЛИНИ има дискреционо
право да ја ажурира оваа политика во секое време. Кога ќе го сториме тоа, ќе го
ревидираме ажурираниот датум на дното на оваа политика. Ги охрабруваме
корисниците да ја проверуваат оваа страница за да останат информирани за секоја
промена и за тоа како ги штитиме личните податоци што ги собираме.
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ
Доколку имате какви било
прашања во врска со нашата Политика за директен маркетинг, ве молиме, користете
ја формата за Контакт на нашата веб
страница www.polini.com.mk,
испратете ни е-маил на [email protected] или пишете ни на адреса ДПТУ ПОЛИНИ ДООЕЛ Скопје ул. Кеј
13 Ноември бб, ГТЦ 1000 Скопје, Република Северна Македонија.