Политика за колачиња

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА НА ДПТУ ПОЛИНИ ДООЕЛ СКОПЈЕ

(https://www.polini.com.mk/

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.

Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта):

  1. Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“.
  2. Колачињата „за време на сесијата“ се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност.
  3.  „Трајните“ колачиња остануваат на вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.

Колачињата според доменот на кој припаѓаат, се поделени на:

  • Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува и
  • Kолачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен различен од оној што го посетил корисникот.

Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува ДПТУ Полини ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: ПОЛИНИ) според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.

Што прават колачињата?

Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.

Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.

Дали можам да ги избришам колачињата?

Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.

Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.

Може ли да го поставам пребарувачот да ги блокира колачињата?

Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите:

За да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.

При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.

Како ги користиме колачињата?

Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница. Деталите се наведени подолу.

Колачиња што ги поставуваме

Неопходни

Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.

Преференцијални

Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате.

Статистички

Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците.

Маркетинг

Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни.

 

§  Повеќето колачиња што ќе ги сретнете при пребарување на веб страницата на ПОЛИНИ се сметаат за колачиња на „трети страни“. Ова значи дека веб страницата на ПОЛИНИ користи функции обезбедени од надворешни провајдери, како што се Google и AddThis кои ги поставуваат колачињата. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од ПОЛИНИ. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не ПОЛИНИ, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.

§  Најчестиот вид колачиња што се користи на веб страницата на ПОЛИНИ се поставени од Google Analytics, кои ни обезбедуваат статистички податоци за трендовите на користење и ни помагаат во донесувањето на одлуки за тоа кои видови на содржини се најпопуларни.

Колачиња кои се користат од страна на ПОЛИНИ

 

Неопходни колачиња поставени од ПОЛИНИ

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

language

polini.com.mk

Го памти изборот на јазик од страна на корисникот на веб страницата

29 дена

OCSESSID

polini.com.mk

Ја зачувува состојбата на корисничката сесија при испраќање на барање за страницата

За време на сесијата

 

Колачиња за преференции поставени од ПОЛИНИ

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

currency

polini.com.mk

Ги зачувува преференциите на посетителот во однос на валутата.

29 дена

 

Статистички колачиња поставени од трети страни

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

_ga

polini.com.mk

Регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата.

2 години

_gat

polini.com.mk

Го користи Google Analytics за следење на стапката на барања

1 ден

_gid

polini.com.mk

Регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата.

1 ден

 

Маркетинг колачиња поставени од трети страни

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

__atuvc

polini.com.mk

Го ажурира  броилото за споделувања на социјалните мрежи.

13 месеци

__atuvs

polini.com.mk

Осигурува дека ажурираното броилото ќе му се прикаже на корисникот доколку страницата се споделува преку услугата на Add This.

1 ден

_at.cww

polini.com.mk

Се користи од платформата за споделување Add This.

Трајни

at-lojson-cache-#

polini.com.mk

Се користи од платформата за споделување Add This.

Трајни

at-rand

polini.com.mk

Се користи од платформата за споделување Add This.

Трајни

loc

addthis.com

Се користи геолокација за да им помогне на провајдерите да утврдат каде се географски лоцирани корисниците кои меѓусебно споделуваат информации.

13 месеци

uvc

addthis.com

Открива колку често ист корисник ја користи услугата за споделувања на Add This.

13 месеци

xtc

addthis.com

Ги регистрира корисниците кои споделуваат информации преку социјалните медиуми.

13 месеци

 

Некатегоризирани колачиња поставени од ПОЛИНИ

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

jrv

polini.com.mk

/

29 дена

 

Ако имате какви било прашања или проблеми, ве молиме контактирајте не на следните електронски адреси: [email protected] или [email protected]